Поврзете се со нас

АТП

Надал со лекција за Фоњини за 13. четвртфинале на Австралија Опен

Објавено

на

Вториот светски рекет, Рафаел Надал обезбеди билет за четвртфиналето на Австралија Опен и тоа откако со чисти 3-0 славеше над секогаш незгодниот Фабио Фоњини.

Ова за шпанскиот тенисер е 13 пласман во оваа фаза на турнирот во Мелбурн што значи е на три чекори од испишување на нова историја, 21 грен слен трофеј во својата кариера. Рафа го среди Фоњинин за нешто повеќе од два часа игра со 6-3, 6-4, 6-2 и сега води со 13-4 во меѓусебните дуели со Италијанецот.

Следен противник на бикот од Мајорка му е Стефанос Циципас кој без борба дојде до четвртфиналето, поточно дуелот го предаде Матео Беретини.

Надал води со 6-1 во битките со Циципас.

Пласман во наредната фаза обезбеди и руските асови Медведев и Рубљов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни