Поврзете се со нас

АТП

Надал со емотивно обраќање: Имаше моменти кога мислев дека е невозможно да се вратам… (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/rafaelnadal

Рафаел Надал ја израдува цела тениска јавност и најави дека ќе му се врати на тенисот на турнирот во Бризбејн на почетокот на 2024-та година, што за него ќе биде официјална подготовка за Австралија Опен и прв настап за него после последниот кој го имаше токму во Мелбурн.

Шпанскиот тенисер имаше година за заборав и мораше да прави операција на колкот, а во најновото обраќање кое го сподели преку социјалните мрежи, Рафа се обиде да им долови на фановите низ што минал, но и што очекува од неговото враќање на терените.

– Ова беше мнјогу долга година, минав низ многу фази. Прво се обидував да се вратам за сезоната на земјена подлога, седмица по седмица се обидував, добивав разочарување по разочарување. Тогаш дојде момент да кажам „Доста“ и побарав трајно решение со операција. Оттаму почнав еден нов хоризонт, тргнав по тежок пат, но секогаш имав страст и желба да се вратам.

– Секако дека имаше многу сомнежи, секако дека имаше моменти кога мислев дека е невозможно да се вратам, но го одржав духот и работев. Страста беше пресудна и сега сум подготвен да се вратам.

– Не знам на кое ниво ќе се вратам, не знам што да очекувам, немам ниту идеја за тоа и не ме интересира. Само сум среќен што ќе се вратам, единствена цел ми е да се забавувам и да бидам конкурентен, – вели Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни