Поврзете се со нас

АТП

Надал со емотивни зборови го утеши Алкарас, но не го заборави и историското достигнување на Ѓоковиќ (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Тенискиот класик меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас уште еднаш ги воодушеви фановите, со тоа што овојпат се радуваа оние на најуспешниот грен слем рекордер.

Србинот се реваншираше за поразот од Вимблдон пред неполн месец и успеа да ги комплетира сите најважни одличја во тенисот, односно го придодаде и единственото кое му недостасуваше.

Ѓоковиќ во својот петти обид стигна до прв златен медал како претставник на Србија откако го доби Алкарас во маратонските два сета, кои всушност беа одлучени во два тајбререјка.

Ноле беше посмирен и подобар во одлучувачките моменти, па по освоеното злато, видовме различни емоции кај двајцата тенисери.

И покрај солзите, Алкарас покажа доблест и му честиташе на Ѓоковиќ за големиот успех, а честитки за Србинот имаше и Рафа Надал кој прво и основно реши да го утеши својот сонародник.

– Карлос, иако знам дека ова е тежок ден за тебе, пробај да го вреднуваш медалот кој е важен за цела земја. Со текот на времето, ќе видиш дека ова сребро е важно и за тебе. Ти благодарам за оваа неверојатна недела и за медалот кој го донесе за шпанскиот спорт, – му порача Надал на Алкарас, но него заборави и Ноле кој стана петтиот играч кој комплетирал „Златен слем“ во сингл конкуренција (сите четири грен слем титули и освоено злато на ОИ).

– Новак, честитки за комплетирањето на „Златниот слем“ и што го достигна тоа што го посакуваше. Секоја чест, – порача Надал кој е еден одо членовите со „Златен слем“ (во елитното друштво се уште Андре Агаси, Штефи Граф и Серена Вилијамс).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни