Поврзете се со нас

АТП

Надал шокираше со првата прогноза за негово пензионирање: Не се плашам од тој ден

Објавено

на

Рафаел Надал со златни букви го испиша своето име во историјата на Ролан Гарос, не само поради тоа што го освои турнирот пред две седмици, туку фактот кој говори дека претходно уште во 12 наврати го направи тоа.

Шпанскиот бик од Мајорка стигна до својата 13-та титула на тенискиот турнир во Париз и со тоа стигна до 20-ти грен слем трофеј во кариерата, а во моменти кога го дели тронот со досегашниот рекордер Рожер Федерер, Шпанецот изненади и шокираше со изјавата која ја даде во интервјуто за „Ел Периодико“.

„Кралот на земјата“ има 34 години и се уште ужива во играњето на највисоко ниво, но вели дека не ја исклучува можноста да стави крај на кариерата на крајот од наредната година.

– Тенисот имаше еволуција, но медицината уште поголема. Сега тениските кариери траат многу подолго. Порано, кога имавте 29 години, веќе ве сметаа за стар и моравте да размислувате за пензија. Сега се е променето, кариерите на професионалните спортисти се многу подолги.

– Навистина не знам кога точно ќе се пензионирам, можеби догодина во ова време. Искрено, не можеме да ја предвидиме иднината, не знаеме што ќе се случи и со каков предизвик ќе се соочиме. Како и да е, не се плашам од тој ден, но сега и не размислувам за него. Кога повеќе нема да одам со страст и желба на еден тренинг, тоа ќе значи дека е време за крај, – изјави Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни