Надал се врати од два брејка негатива и го победи Медведев во Лондон (Видео)

nadal

Рафаел Надал доби „загубен меч“ против Данил Медведев (6:7/6:3/7:6) и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.

Медведев го доби првиот неизвесен сет во тај-брејк, по што следуваше одговор на Шпанецот. Тој брзо направи брејк во вториот сет и предноста ја задржа до крајот за израмнување.

Најголемата драма се случи во третиот сет, Медведев имаше два брејка предност, водеше со 5:1 и имаше дури и меч топка која не ја искористи. Тоа како да го разбуди Надал, кој во продолжение освои пет гејмови по ред и не само што водеше, туку имаше и 0:30 во дванаесеттиот гејм.

Медведев реагираше со четири одлични сервиси и го испрати мечот во тај-брејк, а првата грешка ја направи токму тој при водство на противникот од 5:4. Надал ја искористи првата меч топка уште на сервис на Медведев и ја заокружи фантастичната победа која го задржува и со посериозни шанси за подолг престој на врвот на АТП ранкингот.

Ако Зверев го победи Циципас во вечерниот меч од групата, тогаш Медведев ќе го заврши настапот во Лондон.

Facebook Коментари