Поврзете се со нас

АТП

Надал се соочи со луда ситуација на отворањето на Аустралијан Опен: Собирачот на топки му го „собра“ рекетот (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал мораше да се испоти за да ја мине првата пречка на Аустралијан Опен, односно загуби еден сет пред да заигра на најквалитетно ниво против Џек Дрејпер.

Шпанскиот тенисер кој е бранител на титулата отвори во Мелбурн со триумф од 7:5, 2:6, 6:4 и 6:1, но се соочи и со една неверојатна ситуација за време на мечот.

Во еден момент, Надал остана без својот рекет со кој требаше да ја продолжи играта, бидејќи собирачот на топки го „собрал“ погрешниот рекет кој бил оставен на во близина на столчето.

Рафа бараше објаснување од главниот судија и си го побара својот рекет назад, па оваа бизарна ситуација беше тема на разговор и по крајот на мечот.

– Тоа не беше дистракција, на крајот беше само една необична и смешна ситуација. Собирачот на топки го „собрал“ погрешниот рекет, рекетот со кој требаше да продолжам да играм. Јас ги имам означено моите рекети со реден број и видов дека го нема рекетот со кој требаше да играм. Побарав шпанување на рекет, но момчето го земал погрешниот. На крајот немаше никаков проблем, – објаснил Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни