Поврзете се со нас

АТП

Надал се шири во Албанија: Сигурен сум дека проектот ќе биде успешен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Еден од најдобрите тениски асови на сите времиња, Рафаел Надал најави отворање на негова академија во албанскиот град Драч.

Целиот комплекс ќе се состои од дванаесет тениски терени и уште шест за падел.

-Ми се допадна визијата на Албанија за промоција на спортот и неговите вредности. Сигурен сум дека проектот ќе биде успешен, -порача Рафа.

Свој збор имаше и премиерот на западниот сосед, Еди Рама кој е пресреќен што ќе се реализира еден ваков проект.

-Имаме голема привилегија, но и одговорност да соработуваме со ваков исклучителен спортист и човек. Ни рекоа дека е невозможно неговите планови да се донесат во Албанија, но успеавме. Стапивме во контакт со неговото семејство и луѓето кои ги водат неговите тениски центри и добивме одговор преку мејл дека соработката е возможна, -истакна Рама.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни