Поврзете се со нас

Дејвис куп

Надал се расплака при интонирањето на шпанската химна, па загуби на стартот на Дејвис Купот (Видео)

Објавено

на

Завршната фаза во Дејвис Купот беше отворена со дуел меѓу Рафаел Надал и Ботик Ван де Зандсхулп, меч на кој се чини дека го видовме последниот „тениски танц“ на Шпанецот во блескавата кариера.

Иако имаше проблеми да се подготви за специјалниот турнир во Малага, Надал доби шанса од капитенот Ферер прв да излезе на теренот поради добрите импресии на тренинзите, но за жал реалноста на теренот беше сосема друга.

Шпанецот кој инаку извонредно ги контролира емоциите, вечерва не можеше да се воздржи при интонирањето на химната пред стартот на мечот, а потоа мораше да се помири и со пораз на стартот на Дејвис Купот.

Ван де Зансхулп беше чекор пред Надал речиси во текот на целиот меч и го победи домашниот миленик во два сета со 6:4 и 6:4, па со тоа малку го расипа славеничкото расположение во Малага.

Ова не значи крај за Шпанија на Дејвис Купот, но „фуријата“ сега ќе мора да прави пресврт против Холандија за да се пласира во полуфиналето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни