Надал се повлече од завршниот турнир во Лондон, познат е тенисерот кој ќе го пополни неговото место

nadal

Првиот светски тенисер на АТП листата, Рафаел Надал реши да се повлече од завршниот турнир во Лондон.

Неговиот настап за овој настан висеше поради проблемите со десното колено, но тој стисна заби и го одигра првиот меч од групата Пит Сампрас против Давид Гофан, меч кој го загуби со 2-1 во сетови.

Меѓутоа за време на натпреварот се виде дека Рафа има потешкотии со движењето и дека не е на потребното ниво, па по истиот соопшти дека е завршен турнирот за него.

-Не се работеше за одлука. Се работи за болката. Не можев да задржам доволно сила за да продолжам да играм. Се обидов, ама сериозно тоа беше чудо да бидам толку блиску резултатски за време на натпреварот, -истакна Надал.

Местото на „бикот“ од Мајорка ќе го заземе Пабло Карењо Буста кој ќе ги одигра мечевите со Доминик Тим и Григор Димитров.

Facebook Коментари