АТП
Надал се отвори за плачот кој го трогна тениското семејство: Полошо беше кога дојдов во собата…

Крајот на Лејвер Купот беше одбележан од пресвртот на тимот на Светот кој за првпат победи против тимот на Европа, но пред да дојде до завршниот чин во Лондон, сите фанови без престан зборуваат за тоа што се случи на отворањето во петокот.
Рожер Федерер го имаше својот последен тениски танц и го одигра последниот меч во кариерата, по што емоциите достигнаа невиден и незапаметен размер во тенисот, па со солзи во очите завршија и неговите најголеми ривали, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Србинот успеваше да се контролира и пушти само некоја солза, додека Надал едноставно не можеше да се соземе и плачеше заедно со швајцарскиот маестро. На социјалните мрежи, посебно вирална стана сликата на која тие се држат за рака додека заедно ронат солзи, фотографија која само е потврда за нивното искрено пријателство, покрај легендарното ривалство на теренот.
Два дена по незаборавните моменти, Надал се отвори за плачот во интеврју за „Кадена Копе“, а притоа откри дека не плачел единствено во О2 арената, туку и во хотелската соба кога останал сам.
– Јас сум чувствителна личност, кога се поздравуваме со некој толку посебен, тешко е да не ве понесат емоциите. Вистина е дека работите ми излегоа од раце и емоциите ме совладаа, но полошо беше тоа што повторно се распаднав кога дојдов во хотелската соба. Да бидам искрен, беше тешко да не дојде до тоа после се што доживеавме таа вечер. Не ја видов сликата која велите дека станала вирална. Јас не пораснав со социјалните мрежи и ги прегледувам од време на време. Јас не живеам секој ден со социјалните мрежи.
– Федерер е легенда на нашиот спорт. Се што правеше, правеше да изгледа лесно и убаво. Освои толку многу, тешко дека ќе се повтори такво нешто. Нашиот однос имаше различни етапи. Почнавме како големи ривали на теренот, но со текот на годините, нашето пријателство се зацврсти и дојде до ниво каде сигурно ќе останеме пријатели. Поради нашето ривалство, тенисот порасна како спорт, почнаа да го гледаат и луѓе кои не беа заинтересирани за тенис. Направивме добри работи за нашиот спорт и заедно функционираме добро. Создадовме приказна и пријателство кое ќе трае и во иднина, – вели Надал, кој не отфрла можен спектакл на „Сантијаго Бернабеу“ и одигрување на ревијален меч против Федерер.
– Не знам ништо за такво нешто, но ако во некој момент дојде до таква опција, јас ќе бидам загреан и ќе ми биде голема чест. После тоа, ќе мора да се праша и Федерер, – завршува Рафа.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти