Поврзете се со нас

АТП

Надал рутински ја мина првата пречка во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

Некогашниот светки рекет број еден, Рафаел Надал имаше одличен почеток на АТП турнирот во Рим каде издвојува сигурна победа над Џон Иснер од Соединетите Американски Држави.

„Кралот на земјата“ одигра одличен меч во кој не загуби ниту еден сервис и со 6-3 и 6-1 обезбеди место во осминафиналето каде ќе се соочи со новиот „миленик“ на италијанската публика Денис Шапавалов.

Надал прв се соочи со брејк топки во првиот сет и тоа во седмиот гејм (две), меѓутоа се одбрани и веќе во наредниот му го одзема сервисот на противникот за 5-3 по што рутински ја заврши работата до крај.

Вториот сет мина во апсолутна доминација на фаворитит кој загуби само еден гејм. Останува да се види како Шпанецот сега ќе се справи со Шаповалов со кого интересно во истата оваа фаза се соочи и лани каде по голема три ипол часовна битка славеше со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни