Поврзете се со нас

АТП

Надал: Рекордите повеќе му значат на Ѓоковиќ, тоа не е мој пристап

Објавено

на

Третиот рекет на светот, Рафаел Надал проговори за разликата меѓу него и Новак Ѓоковиќ кога е во прашање тенисот.

Надал и Ѓоковиќ заедно со Рожер Федерер за многумина се најдобрите тенисери на сите времиња, но секој од нив е различен, нивниот пристап, филозофија, па токму за тоа бикот од Мајорка отворено говореше за „Метро“.

-Уживам во тоа што го работам, среќен сум што играм тенис. Секако дека сакам да освојам повеќе грен слемови, без никаков сомнеж. Ама никогаш … Мислам, Новак е повеќе опседнат со тоа, пофокусиран. Не мислам на негативен начин. Не, тој е повеќе концентриран на тие работи, многу му значи како и останатите работи, секогаш зборува за рекордите и секоја чест за тоа.

-Сепак, тоа не е мојот пристап кон тениската кариера. Имам здрава амбиција. Ако ја немав, никогаш немаше да бидам на позицијата во која сум сега, но веројатно имам поинаква амбиција од Новак, на пример.

-Само одам понатаму, продолжувам да го правам тоа што го правам и се трудам да бидам во позиција да уживам во патувањето и да постигнам што е можно повеќе. Исклучително сум задоволен од кариерата што ја имам. Бев задоволен и пред неколку години, но не сум помалку мотивиран поради тоа. Сепак, не сум фрустриран ако изгубам на еден турнир, се обидувам поинаку да им пристапам на работите, -вели Рафа кој признава дека ривалството со Новак и Рожер им помогнало да тројцата да бидат помотивирани, подобри и да напредуваат.

-Секако кога имате големи ривали тоа ви помага, затоа што ви покажува јасен пат за тоа што треба да направите за да станете подобри. Сепак, сакам да мислам – и навистина верувам во тоа – дека мојата мотивација е многу поголема од играчите кои пред мене. Играме само за нас, нашиот тим, нашите навивачи, семејството. Не за другите, нели? Не за моите ривали.

-Мојот пристап е секогаш да се обидувам да станам подобар тенисер, затоа што на тој начин го разбирам спортот. Јас го разбирам тоа како да одам на тренинг за да подобрам нешто. Не затоа што морам да бидам подобар затоа што пред себе ги имам Рожер и Новак, сакам да мислам дека така размислувам затоа што така го разбирам спортот, -порачува човекот кој има освоено 20 грен слем пехари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни