Поврзете се со нас

АТП

Надал првпат се огласи за провокативната изјава на Иванишевиќ пред големото финале: Ви се колнам дека….

Објавено

на

Рафаел Надал беше апсолутно импресивен во големото финале на Ролан Гарос и му одржа тениска лекција на Новак Ѓоковиќ, триумф со кој само уште еднаш потврди дека е недопирлив на тенискиот грен слем во Париз.

Шпанскиот тенисер стигна до 13-та титула на Френч Опен и го прокнижи 20-от грен слем трофеј во кариерата, со што се израмни со својот вечен ривал Рожер Федерер. Победата беше посебно слатка за фановите на Надал поради целата увертира на големото финале, пред кое повеќе шанси му се даваа на светскиот рекет број еден од страна на тениските експерти, но и од таборот на самиот Србин.

Убедливо најпровокативна изјава имаше Горан Иванишевиќ кој уште пред полуфиналињата нагласи дека Надал нема да има никаква шанса против Србинот во финалето, изјава која се покажа како крајно лоша со оглед на епилогот на завршниот меч.

За разлика од Карлос Моја кој порача дека изјавата на Хрватот била некоректна, Рафаел Надал сега откри дека првпат ја слушнал истата по крајот на големиот меч на Филип Шатрие.

– Ви се колнам дека ја немав слушнато изјавата на Иванишевиќ пред финалето. Некој ми кажа што рекол тренерот на Новак дури по финалниот меч во Париз, – откри Надал при гостувањето во емисијата „Ла Ресистенсиа“ која ја води познатиот новинар Давид Бронкано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни