АТП
Надал: Првата важна лекција од Тони ја добив на 12 години
Рафаел Надал стави крај на својата блескава тениска кариера и заокружи едно патување кое донесе огромна сатисфакција за неговите фанови, но и за самиот Рафа кој во последните две-три години се мачеше со физички проблеми.
Шпанскиот „крал на земјата“ се повлече од професионалното играње тенис со 22 освоени грен слем титули и статус на најдобар играч кој некогаш заиграл на Ролан Гарос, но како што кажа самиот при прошталното обраќање во Малага, најважно за него е тоа што фановите ќе го паметат како скромен и понизен шампион, но и добар човек.
Надал сега реши да се исповеда за своите почетоци во писмото кое го пренесе преку „The Players Tribune“, а во истото открива една анегдота од 12-годишна возраст, но говори и за првиот критичен момент во кариерата.
– Не знам колку години имав точно, но мислам дека имав околу 12 години. На таа возраст, јас уживав во тенисот, но и во ловењето риба. Еден ден бев на риболов кога можев да тренирам и да се подготвувам за следниот меч кој беше наредниот ден. Наредното попладне го загубив мечот и се сеќава дека плачев во автомобилот додека се враќав дома. Чичко ми беше во автомобилот, а бидејќи беше човек кој направи да се заљубам во тенисот и кој имаше огромно влијание врз мене, ми го кажа следново:
– Се е во ред, ова е само еден тениски меч. Немој да плачеш сега, нема логика да жалиш сега. Ако сакаш да одиш на риболов, можеш да одиш и нема никаков проблем. Но, ако го правиш тоа, ќе губиш на тенискиот терен. Што треба за победа? Ако сакаш да победиш, мора да си поставиш приоритет од тие две работи…….
– Тоа беше многу важна лекција за мене. Луѓето ме гледаат како перфекционист, но тоа е така поради повикот кој го имав во себе тој ден кога се враќам во мојот чичко дома. Тој внатрешен глас никогаш не ме напушти. Еден ден можам да бидам крај морето, но наредните два морам да тренирам, – вели Надал, кој се осврнува и на критичниот момент на 17 години.
– Го повредив стапалото кога имав 17 години и ми рекоа дека најверојатно никогаш нема да играм професионален тенис. Ми кажаа дека не е само обична пукнатина на стапалото, ми порачаа дека тоа е болест за која нема лек, дека тоа е болест која може само да се третира. Тоа е синдромот „Милер-Вајс“, но истиот ме направи посилен. После многу болка, операции, рехабилитација и пролиени солзи, успеав да најдам решение и низ сите овие години успеав да бидам отпорен на болката, – открива Рафа.
-
Светски првенства15 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија20 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија14 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства15 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија24 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија19 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија19 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет20 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот