Поврзете се со нас

АТП

Надал прикажа добра игра, но не можеше да му нанесе штета на перфектниот Зверев

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Рафаел Надал понуди добра борба и прикажа одлична игра во најголем дел од мечот со Александер Зверев, но сепак Германецот се покажа како преголем залак за Шпанецот на стартот на Ролан Гарос.

Надал не можеше да добие потежок противник во воведната рунда, бидејќи Саша игра во врвна форма, а воедно излезе и како победник на последниот Мастерс турнир на земјена подлога.

Мечот одеше во тек каков што замислуваше моментално подоброрангираниот тенисер и Саша имаше одговор за ударите на Надал во сите клучни фази од мечот, па после нешто повеќе од три часа игра, славеше со 6:3, 7:6 и 6:3.

„Кралот на земјата“ прикажа добра игра и освои неколку спектакуларни моменти, но сепак во моментов се уште не е на највисоко можно ниво за негови стандарди и мораше да се помири со четвртиот пораз во својата кариера на Ролан Гарос.

Од друга страна, Зверев стана само третиот играч кој го победил Рафа на Френч Опен, по Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ кој го има победено двапати.

По поразот и елиминацијата во првата рунда, Надал имаше обраќање пред гледалиштето на „Филип Шатрие“ и не сакаше да потврди дека ова е негов последен настап на Ролан Гарос, од едноставна причина што чувствува дека неговото тело е во многу подобра состојба од пред два месеци.

Интересно, мечот од првата рунда меѓу Надал и Зверев го следеа и многу познати личности, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкарас, Ига Швјонтек и Родри од Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни