Поврзете се со нас

Дејвис куп

Надал пред својот последен турнир во кариерата: Не дојдов тука за да се пензионирам

Објавено

на

Рафаел НАдал најави дека ќе ја заврши својата играчка кариера на Дејвис Купот во Малага кој ќе стартува утре, па сосема очекувано, Шпанецот се најде во центарот на вниманието пред почетокот на турнирот.

Најдобрите осум селекции ќе го почнат своето патешествие на „фајнал-ејт“ турнирот во Малага, а Шпанија ќе биде голем фаворит во пресметката со Холандија.

Домаќинот на турнирот ќе има огромна поддршка од трибините во Малага, но се очекува најемотивно да биде на крајот од неделата, кога Надал треба да го одигра својот последен меч во кариерата.

– Се чувствувам добро, напорно трениравм изминатот месец и половина и го чекав овој турнир. Се обидов да си дадам уште една шанса. Уживав во тренинзите, ќе се обидам да уживам оваа недела и не ставам премногу фокус на моето пензионирање. После оваа недела ќе следи голема промена во мојот живот, но сега сум среќен што сум тука и што ќе играм за тимот.

– Кога сум на теренот, знам како да ги контролирам емоциите. Не дојдов тука за да се пензионира, дојдов тука за да му помогнам на тимот да победи. Ова е моја последна натпреварувачка недела и ќе направам се за да му помогнам на тимот. Емоциите ќе пристигнат на крајот, но во меѓувреме ќе биде концентриран само на тоа што се случува на теренот, – најави Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни