Поврзете се со нас

АТП

Надал правеше чуда и си збореше сам со себе, па се пласираше во четвртфиналето во Барселона (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал се уште не може да го стекне континуитетот во играта кој сигурно го посакува, па така и денеска успеа да загуби еден сет во вториот меч во Барселона, без оглед на тоа што на крајот се пласираше меѓу најдобрите осум на турнирот.

Шпанскиот бик од Мајорка започна фуриозно против Кеи Нишикори и едноставно беше непогрешлив на теренот, а во сетот кој го доби со 6:0, правеше чуда од основната линија и добиваше поени кои се трејдмарк за неговата игра на земјена подлога.

Сепак, Рафа забележа пад во вториот сет и истиот беше надополнет со далеку подобра игра од Нишикори, кој со агресивен пристап го доби овој дел од играта со 6:2 и израмни на 1:1. Со своите добри удари, Јапонецот го принуди Рафа да си зборува сам со себе и да бара решенија за враќање во ритам од првиот сет, што во одлучувачкиот сет и се случи.

Домашниот тенисер не дозволи ново изненадување, па откако вчера загуби сет од Ивашка, денеска со 2:1 го победи и Нишикори за пласман во четвртфиналето во Барселона.

Надал го доби третиот сет со 6:2, а негов противник во следната рунда ќе биде Камерон Нори од Британија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни