Поврзете се со нас

АТП

Надал: Прашајте го Ѓоковиќ дали ќе ми го врати трофејот (ВИДЕО)

Објавено

на

Рафаел Надал ја заврши оваа сезона кога се во прашање официјалните настапи, турнири, но се уште има некои обврски, планови кои треба да ги одработи како што е јужноамериканската турнеја која ја има со Каспер Руд.

Двајцата ќе настапат во повеќе градови, а првата дестинација е Аргентина. Руд како дете бил голем навивач на Шпанецот, а еден пораз на неговиот миленик тешко му паднал.

-Би го променил финалето на Австралија Опен во 2012 година, тој долг натпревар против Ѓоковиќ. Тоа беше натпревар што ме натера да се чувствувам навистина лошо со часови, -рече Руд по што со насмевка и шега се надоврза Надал.

-Мора да го повикате Новак, да видите дали ќе сака да го врати трофејот, -истакнал Рафа.

Тоа финале во Мелбурн беше спектакуларно, траеше скоро шест часа, а Ноле славеше со 3-2 во сетови со 5–7, 6–4, 6–2, 6–7(5–7), 7–5.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни