Поврзете се со нас

АТП

Надал: Повредата не е под контрола, бараме решенија

Објавено

на

Рафаел Надал забележа две сигурни победи од по 3-0 во сетови на турнирот во Мелбурн, но шпанскиот ас се уште се соочува со проблеми со повредата на грбот.

Тие две победи донесоа впечаток дека Рафа е сигурен и дека проблемот со грбот е полека зад него, меѓутоа вистината е сосема друга, а тоа се гледа по информацијата која ја даде вториот светски рекет.

-Не, искрено не е под контрола. Ги правам работите кои ги можам. Ако видовте мојот сервис беше поинаков од вообичаено, но секој ден барам решенија. Се обидувам да ги најдам. Секако, подготовките во последните 15 дена не поминаа совршено, но јас сум тука.

-Победив на два меча без загубен сет. Следниот натпревар го имам за два дена и утре ќе продолжам да барам решенија за грбот. Правиме се што е потребно за да се чувствувам подобро и подобро. Ќе видиме, Нори е следниот тест, -истакна Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни