Поврзете се со нас

АТП

Надал порача дека новиот метод вродил со плод: Сега се будам без болка и подготвен сум за Вимблдон

Објавено

на

Рафаел Надал денеска одржа прес конференција како најава за својот настап на Вимблдон, турнир на кој ќе настапи по пауза од три години кога последен пат играше во полуфиналето.

И покрај големите проблеми со стапалото на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер успеа да се рехабилитира благодарение на иновативниот метод кој го применил со умртвување на нервот, па така во изминативе неколку дена тренираше на трева и сега е подготвен за настап на најпрестижниот турнир по титулите на Австралија Опен и Ролан Гарос.

Надал уште пред неколку дена стави крај на дилемите дали ќе настапи во Ол Ингланд клубот, а сега и јавно порача дека се чувствува многу подобро по новата терапија и веќе не се буди со болки во стапалото.

– Уживам на тренизните и мечевите на трева после три години. Ако не бев во можност да играм, немаше да бидам тука. Работите одат на подобро и многу сум задоволен.

– Сега можам да одам нормално секој ден, се будам без болка и тоа го немав повеќе од година и половина. Подобар сум и на тренинзите и изминатите две недели немав еден од оние денови кога болката е неподнослива. Многу сум позитивен поради тоа и се надевам дека ќе се адаптирам на условите на трева од ден во ден, – порача Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни