Надал подготвува ВИП свадба на специјална локација

xisca-nadal

Рафаел Надал се подготвува за новото издание на Ју-Ес Опен, но неговата партнерка дефинитивно ќе има и друга преокупација, а тоа е нивната свадба закажана за 14. октомври.

Надал цели 14 години е во врска со Сиска Перелјо која е две години помлада од него, а нивната љубов ќе биде крунисана на познатата „Ла Форталеса“ или тврдината која се наоѓа во северниот дел на Мајорка, островот на кој е роден славниот тенисер.

Иако е прогласен за споменик, „Ла Форталеса“ е во сопственост на Лордот Џејмс Луптон и пристапот до неа е сериозно ограничен, дури и во ретките ситуации кога јавноста има можност да се најде зад нејзината железна врата. Распослана на 87.000 квадратни метри и со еден единствен влез и силно обезбедување, оваа локација е повеќе од соодветна за посакуваната приватност од големите ѕвезди, а скромниот Надал сакал ВИП свадбата да се реализира далеку од очите на јавноста.

Уште отсега медиумите тврдат дека на листата на поканети ќе бидат членови на шпанското кралско семејство, Рожер Федерер, Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесиас…

Facebook Коментари