Поврзете се со нас

АТП

Надал по поразот: Не сакав да го предадам мечот како актуелен шампион

Објавено

на

Рафаел Надал доживеа разочарувачки пораз во второто коло на Аустралијан Опен, но очигледно проблемот со повредата не му дозволи вистински да му парира на својот противник.

Шпанецот го освои грен-слем турнирот во Мелбурн минатата година, но сега загуби од Мекензи МекДоналд со 3:0 во сетови и го заврши настапот на престижниот тениски турнир.

По мечот, Надал зборувал и со новинарите, на кои им објаснил што се случувало на теренот.

– Се уште не знам точно за каков проблем се работи, но имам историја со повреди на колкот. Допрва ќе знаеме што се случило, но уморен сум да зборувам за повреди.

– Помислив на повлекување, бидејќи не можев ни да удирам бекхенд, па и да трчам, но сакав да го довршам мечот.

– Доволно сум возрасен да ги носам одлуките без консултација со тимот, но не сакав да се повлечам како актуелен шампион, се борев до крај, – изјавил Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни