Поврзете се со нас

АТП

Надал по бекхенд магијата на централниот терен: Јасно е дека трчам помалку од порано… (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал го задржа нивото од третата рунда на Вимблдон и со лесен триумф се пласираше во четвртфиналето на тенискиот грен слем во Лондон, а тоа го направи режирајќи потези со кои најави дека полека влегува во ритам.

На Шпанецот му беше потребно да се адаптира на трева откако правеше пауза на оваа подлога три години, но мечот против Ботик Ван Де Зандсхулп е потврда дека ги пронаоѓа вистинските удари и дека се чувствува се покомотно.

Противник на Надал во четвртфиналето ќе биде Тејлор Фриц и го чека меч во кој нема да има долги размени поради стилот на игра на Американецот, но Рафа вели дека со текот на годините почнал да се прилагодува и на своето тело, кое веќе не е исто како пред една деценија.

Надал вчера изведе бекхенд магија против Холанѓанецот и не неверојатен начин го скрати аголот за да поентира, а бидејќи се почесто прави импровизации со слични удари, даде една интересна изјава на оваа тема.

– Јасно е очигледно е дека трчам помалку од порано и дека не сум толку брз. Кога губите некои работи, мора да придодадете други за да останете конкурентен. Мора да работите на друго кога ќе загубите дел од физичките квалитети, – изјави 36-годишниот Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни