АТП
Надал: Ова е полу-чудо, не верував дека ќе добијам нова шанса

Рафаел Надал се пласираше во своето шесто финале на Австралија Опен и ќе се бори за втората титула во Мелбурн во неделното финале, во кое противник ќе му биде подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Стефанос Циципас и Данил Медведев.
Шпанскиот тенисер во првото полуфинале беше подобар од Матео Беретини во четири сета и славеше со 3:1, што секако беше одлична вест за него со оглед на начинот на кој го заврши четвртфиналето против Денис Шаповалов.
Надал беше физички исцрпен и самиот призна дека е уништен по мечот, но двата дена пауза беа доволни да се рехабилитира и стави јасно до знаење дека повредата на стапалото е веќе зад него.
– Го почнав мечот со Беретини многу добро и двата први сета беа најдобри кои сум ги одиграл после долго време. Третиот го загубив, а потоа се борев и страдав на теренот, но за да успеете, мора да минете низ тоа. Тоа е единствениот начин да дојдете до местото на кое што сум сега. Неверојатно е што повторно сум во финалето, повторно се чувстувам жив. После се она што ми се случи, не верував дека ќе добијам нова шанса да се борам за трофеј во Австралија, пред три седмици не можев да замислам дека ќе дојдам до финалето. Затоа, ова за мене е полу-чудо, ги надминав очекувањата. Бев исцрпен по мечот со Шаповалов, но се рехабилитирав подобро од што мислев. Двата дена одмор добро ми дојдоа, – порача Надал кој беше запрашан за походот кон рекордната 21-ва грен слем титула.
– За мене се се сведува на тоа да го освојам Австралија Опен, не мислам на ништо друго во овој момент. Ова е фантастичен турнир и како што кажав и претходно, доста пати немав среќа со повредите и загубив важни и тесни финалиња. Од Ѓоковиќ во 2012-та година и од Федерер во 2017-та година. Среќен сум што го освоив овој турнир во 2009-та година, но верувајте, никогаш не верував дека ќе имам нова шанса за трофеј во 2022-ра година, – порача Надал.
"For me, it's all about the Australian Open."
@RafaelNadal · #AusOpen · #AO2022 pic.twitter.com/FvpKnmUNay
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 28, 2022
-
Францијапред 24 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 14 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)
-
НБАпред 17 часа
Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)