Поврзете се со нас

АТП

Надал откри за што најмногу жали: Имав свои шанси, ама немав среќа

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Рафаел Надал одлучи ова да биде негова последна активна година во светот на тенисот, поточно да стави крај на една од најуспешните приказни во историјата на овој спорт.

Шпанецот имаше голема желба да продолжи да се натпреварува, меѓутоа едноставно неговото тело, сите проблеми и повреди едноставно го натераа да се повлече. Низ кариерата оствари огроми успеси, но еден значаен турнир кој не го освои беше оној завршниот Мастерс во кој најблиску до пехарот беше во 2010 и 2013 година.

-Секако дека би сакал да имав добиено едно АТП финале. Тоа е веројатно единствениот голем турнир што никогаш не сум го освоил, ама тоа е што е.

-Немав ниту среќа бидејќи на крајот од сезоната честопати не бев во најдобра физичка кондиција, многу пати со повреди. Пред мене имав и многу тешки ривали, цела кариера играв финален мастерс на затворени брзи терени, на бетон, на почетокот на кариерата – на тепих. Но, немам за што да жалам. Ако ме прашате што би сакал да имам освоено, секако дека би сакал дел од тоа. Имав мои шанси, -истакна Надал кој дури шестпати го пропушташе завршниот турнир поради повреди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни