Поврзете се со нас

АТП

Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…

Објавено

на

foto:twitter.com/TennisChannel

Големиот грен слем шампион, Рафаел Надал треба да се врати на терените на почетокот на наредната година и тоа на турнирот во Бризбејн.

Надал е во „аут“ од Австралија Опен каде се повреди при поразот во раната фаза, односно од тој момент нема одиграно ниту еден официјален меч. Долго време траеше процесот на закрепнување, процесот на надминување на сите проблеми, меѓутоа и самиот Рафа не знае како ќе изгледа на терените.

-Не сакав да давам какви било прогнози за моето враќање, бидејќи на крајот на краиштата се работи за една година помината надвор од теренот и операција на колкот, но колкот не ме загрижува најмногу, туку како ќе изгледа се друго. Мислам дека се подготвив добро и се надевам дека работите ќе започнат позитивно и дека повторно ќе имам можност да уживам на теренот.

-Ова траеше подолго време, ова е долг период на пауза. Нетрпелив сум повторно да ја почувствувам таа нервоза, таа возбуда, тие стравови, тие сомнежи. Ќе се обидам да не очекувам ништо. Се надевам дека ќе успеам да не си ги поставувам предизвиците што ги поставував претходно, во текот на мојата кариера. Јас сум во друга возраст, за мене ова е непозната територија. Цел живот се туркав надвор од границите на возможното и се надевам дека повеќе не можам да го правам тоа, -истакна Надал кој не сака да се оптоварува со прекумерни барања.

-Морам да ги прифатам работите такви какви што се и знам дека на почетокот ќе биде многу тешко. Морам да си го дадам потребното време и да не се обвинувам за тоа дека работите најверојатно на почетокот ќе изгледаат лошо, бидејќи постои реална можност тоа да се случи. Знаејќи дека се може да се промени во не така далечна иднина, морам да го задржам мојот ентузијазам, натпреварувачкиот дух и силата ќе дојде, -заклучи бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни