Поврзете се со нас

АТП

Надал откри кога се враќа на терените: Не заслужив вака да ја завршам кариерата…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RafaelNadal

Големиот грен слем шампион, Рафаел Надал и официјално потврди и посочи кога се враќа на тениските терени.

Ветеранот беше во аут скоро цела оваа календарска година, поточно се повреди на Австралија Опен каде загуби од Мекензи Мекдоналд. На почеток имаше најави дека брзо ќе направи кам-бек и ќе биде подготвен за сезоната на земја, ама како што одминуваше времето стана јасно дека Шпанецот ќе мора да помине низ подолг период на рехабилитација за да во изминатиов период самиот Надал истакне дека се чувствува далеку подобро и е на добар пат да му се врати на белиот спорт.

Тој денеска се огласи преку социјалните мрежи и ја информираше јавноста дека ќе биде активен на турнирот во Бризбејн кој е на програмата од 31 декември до 7 јануари.

-Мислам дека не заслужив вака да завршам. Верувам дека работев напорно во целата моја спортска кариера, па мојот крај да не е тука на прес-конференција. Ќе работам напорно да ја завршам мојата кариера на вистински начин. Здраво на сите. По една година отсуство од натпреварувањето, дојде време да се вратам. Ќе биде во Бризбејн, во првата недела од јануари. Се гледаме таму,  -порача Рафа во видео порака на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни