Поврзете се со нас

АТП

Надал откри каква повреда заработил и колку долго ќе паузира

Објавено

на

Еден ден по елиминацијата на Аустралијан Опен, Рафаел Надал ја информираше јавноста за повредата која го мачеше на дуелот со Мекензи МекДоналд.

Шпанецот не успеа да му парира на американскиот ривал поради повредата на колкот, а ден подоцна ги објави резултатите од деталните прегледи направени на болното место.

Надал има повреда на мускул на левиот колк и поради тоа му следува принудна пауза.

– Сега е време за одмор и соодветна терапија.

– Нормалната рехабилитација трае меѓу шест и осум недели, – вели Шпанецот.

Ако нема дополнителни компликации, Надал би можел да биде подготвен за Мастерсот во Индијан Велс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни