Поврзете се со нас

АТП

Надал откри до кога планира да игра

Објавено

на

Шпанскиот ас Рафаел Надал важи за еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт, меѓутоа и него годините веќе го газат, веќе е во четвртата деценија од животот и останува прашање до кога ќе може да биде активен и притоа да биде на високо ниво.

Третиот светски рекет е познат како голем борец, па неговата желба, цел е да игра на големата сцена уште неколку години.

-Не можете да предвидите што ќе се случи. Секако не планирам да играм до 45 години иако секогаш се обидувам да го направам она што е возможно и сакам тоа да го правам што е можно подолго. Еден ден ќе ја достигнам таа точка кога нема да можам да продолжам. Засега сум задоволен од она што го работам. Уживам во играта и се надевам дека ќе имам шанса да играм барем во следните неколку години, -вели Рафа кој не сака сега да прави анализа, резиме на се што има направено во кариерата.

-Се надевам дека на крајот од кариерата кога ќе престанам да играм, ќе имам време се да анализирам. Сега сум фокусиран само на она што го работам. Тенисот оди брзо, имаме многу турнири. Само во овој дел од сезоната играм на земја во Монте Карло, Барселона, веројатно Мадрид и Рим, а потоа и на Ролан Гарос. Нема многу време за уживање и размислување за сè, јас сум го освоил ова или она. Досега имав успех, но ова е нова сезона. Единствено што можам да направам е да играм и да тренирам и да се ставам во позиција да можам да се натпреварувам, -порача Надал кој во јуни годинава ќе наполни 35 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни