Поврзете се со нас

АТП

Надал освои неверојатен поен во пад против Ѓоковиќ, па збесна: Ке се убиеме на теренот! (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал ја освои својата јубилејна 10-та титула на АТП Мастерсот во Рим, добивајќи го во финалето големиот ривал, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.

Србинот одново го принуди „кралот на земјата“ да заигра на своето највисоко ниво и се избори за три сета на завршниот меч во италијанската престолнина, но сепак Рафа беше за нијанса подобар во одлучувачките моменти и славеше со 2:1, иако вториот сет го загуби со убедливи 6:1.

Надал славеше во финалето поради неверојатни поени освоени како оној во седмиот гејм од првиот сет, а токму по извонредениот дефанзивен удар, имаше причина и за огромно незадоволство.

Шпанецот имаше голема непријатност на мечот со Зверев кога се сопна од небезбедната и лизгава линија, па бидејќи тоа му се случи и денеска по фантастичниот удар, наместо да слави, Рафа беснееше.

– Секој еб.н ден. Ќе се убиеме тука на теренот….., – велеше нервозниот Рафа кој може да биде среќен што не заработи повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни