АТП
Надал останува активен: Не сум фатил рекет откако се пензионирав, но се вратив на старата љубов

РАфаел Надал денеска доби посебна чест и признание од Олимпискиот комитет во Шпанија за се она што го направи во својата богата играчка кариера, а тоа беше добра шанса за новинарите да оставарат нова средба со најголемиот шампион во историјата на оваа земја.
„Кралот на земјата“ се повлече на Дејвис Купот кој се одигра на крајот на минатата година и потенцира дека цели три месеци останува дистанциран од тенисот, барем од секојдневните активности кои ги имаше како професионален тенисер, но и како сопственик на познатата Академија.
Во обраќањето пред новинарите, Надал откри дека ниту еднаш не фатил рекет откако се повлекол, но затоа се врати на својата стара љубов, односно на играњето фудбал.
– Воопшто не ми е досадно во оваа прва фаза од животот без тенис. Секогаш правам нешто, многу е важно да си зацртате цели и во секојдневниот живот. Не сакам да се разбудам и да се фрлам на троседот.
– Се наоѓам во фаза во која организирам нова етапа од животот, но тоа не значи дека не сум активен. Престанав да играм пред три месеци и полека се адаптирам на новата реалност. Се вратив на старата љубов, почнав да играм фудбал после цели 15 години и можам да ви кажам дека навистина се губи чувството. Не знаете колку сум станал лош…….. Од друга страна, немам фатено рекет во своите раце откако се повлеков, ќе треба да пројде одредено време. Само прашање на време е кога повторно ќе фатам рекет во рака, но во овој момент ми треба малку дистанца од се она што го доживеав, – откри Надал.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Англија24 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија20 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет20 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација19 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет18 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан14 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)