Поврзете се со нас

АТП

Надал обелодени кој турнир е најкомплициран за него

Објавено

на

Рафаел Надал минатата недела го освои турнирот во Барселона и тоа откако во финалето по голема борба славеше над Стефанос Циципас.

Ова за Шпанецот беше победа што многу му значаше и дефинитивно истата ќе му помогне пред продолжението на сезоната.

-Барселона беше чекор напред за мене. Не играв на врвно ниво, но успеав да останам позитивен и да го прифатам предизвикот. Мислам дека ваквите турнири многу значат за самодоверба. Знаете дека не блескаш, ама си победил, -истакна Надал кој обелодениде дека следниот турнир за него е најкомплициран и најемотивен.

-Мадрид е најкомплицираниот турнир за мене. Секој тоа го знае. Тоа е еден од најемотивните турнири поради фактот што играм дома. Ќе играме пред публиката. Тоа многу ми значи многу. Ова е одлична можност да можам да одиграм уште еден одличен турнир на земјена подлога. Можам да освојам уште една важна титула. Ова е важно за мојата самодоверба, -рече бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни