АТП
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!

Даним Медведев воочи големото финале на Австралија Опен посочи дека целиот притисок и товар на најважниот меч ќе го има Новак Ѓоковиќ кој се обидува да ги достигне Рожер Федерер и Рафаел Надал по бројот на освоени грен слем титули, но реалноста ни покажа дека младиот Русин беше далеку „постегнат“ и подеконцентриран во дуелот со светскиот рекет број еден.
Иако добар дел од експерите му даваа големи шанси на Медведев да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен, случувањата на теренот ни донесоа комплетно различно и неочекувано сценарио, бидејќи тенисерот кој имаше серија од 20 победи во низа му се закани на Србинот само во првиот сет во кој се играше доста изедначено.
Откако Новак ја освои 9-та титула во Мелбурн и 18-та на грен слем турнирите, светски познатите аналитичари ги коментираат случувањата од неделното финале во Мелбурн, од кое разочаран остана Тони Надал, чичкото на Рафа.
– Убеден сум дека Медведев на „Род Лејвер арената“ запознаен со сите информации поврзани со Новак Ѓоковиќ на овој терен. Но, тој не беше способен да го направи тоа што е потребно да се направи за да се победи Србинот. Мислам дека фрустрацијата за загубениот прв сет беше преголема, во тој момент се предаде, едноставно не продолжи да се бори.
– За мене неверојатно е тоа што спортист на такво ниво немаше желба да ги надмине проблемите, едноставно престана да се бори, а тоа е неприфатливо. Ден пред финалето изјави дека цел притисок е на Ѓоковиќ кој ги брка Рафа и Рожер, но на теренот се покажа дека цел товар го имаше тој. Ова ќе остави трага на него. Има огромна разлика од тоа да освоите прва грен слем титула и да загубите во финалето. Никогаш не се знае дали ќе имате нова шанса. Не е важно што е релативно млад, тој пропушти голема шанса, -потенцира чичкото на Рафа.

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Шпанијапред 11 часа
Супер лигата испрати соопштение по откажувањето на премиерлигашите: Англичаните беа принудени на ова!