Поврзете се со нас

АТП

Надал: Немам шанси за титула, сакам само…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Рафаел Надал својот кам-бек на терените ќе го има на турнирот во Бризбејн, турнир од АТП серијата 250.

Ова за Шпанецот ќе биде прв настап по скоро една година, поточно по повредата на колкот по што следеше долг процес на закрепнување и сега сака само да ужива, поточно не си поставува никакви цели.

-Немам шанси за титула. Невозможно е да се размислува за освојување на турнирот во овој момент. Она што е можно е да уживам во камбекот. Навистина не очекувам многу, една година не сум на теренот, -вели Рафа кој е задоволен од неговата физичка подготвеност.

-Бев охрабрен од физичката подготвеност што ја постигнав на тренинзите. Таа е многу подобра отколку што очекував пред еден месец. Немам долгорочни цели, бидејќи не се гледам себеси како играм толку долго. Навистина не знам како ќе ми оди кариерата и колку ќе можам да играм. Никогаш не сум бил играч кој сака да предвидува што ќе се случи, -порача големиот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни