Поврзете се со нас

АТП

Надал нема да ја брани титулата во Акапулко: Не можеме да го платиме за да игра во Мексико

Објавено

на

blank

Рафаел Надал настапи на Австралија Опен и покрај проблемите со грбот, но со таков проблем стигна само до четвртфиналето каде беше поразен од страна на Стефанос Циципас кој освои три сета едноподруго по негативата од 2:0.

Шпанскиот тенисер има за цел комплетно да ја санира повредата пред да се врати на терените и веќе го откажа настапот во Ротердам, а најновата вест гласи дека нема да ја брани ниту титулата на турнирот во Акапулко.

Надал играше на турнирот во Мексико во последните четири години, но сега организаторите на клубот открија дека не можат да си ја дозволат вообичаената сума за настап која ја добиваат најголемите тениски ѕвезди како Рафа. Добро познато е дека помалите турнири на АТП турот плаќаат за да дојдат најголемите ѕвезди во овој спорт, а претпоставките се дека Надал барал околу еден милион евра за да биде почестен гостин во Акапулко, турнир од АТП Мастерс серијата 500.

– Односот со агентот на Надал е одличен и работите беа навистина отворено и коректни. Сепак, реалноста вели дека оваа година немаме пари да го платиме Надал. Нашиот буџет е исклучително ограничен и вложивме во играчи кои можеме да си ги дозволиме. Еден од нив е Александер Зверев, – откри директорот на турнирот, Раул Зурутуза.

Истовремено, Надал изрази жалење што нема да може да ја брани титулата во Акапулко и како главна причина ја наведе повредата, па покрај Зверев, главни фаворити за трофејот ќе бидат Стефанос Циципас и Диего Шварцман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни