Поврзете се со нас

АТП

Надал недопирлив за Американецот МекДоналд во второто коло во Париз

Објавено

на

Рафаел Надал не ги почувствува непријатните услови за игра во второто коло на Ролан Гарос, бидејќи „кралот на земјата“ едноставно немаше достоен ривал ова попладне на централниот терен на Френч Опен.

Шпанскиот тенисер дозираше и играше онолку колку што е потребно за да оствари победа, но на спротивната страна не наиде на никаов отпор од страна на Мекензи МекДоналд.

Американецот ни докажа зошто има само три победи на земјена подлога во својата кариера, па со своите неизнудени грешки само му ја олесни работата на еден од главните фаворити за титулата.

Мечот траеше 1 час и 40 минути, а Надал му препушти на противникот вкупно четири гејма, обезбедувајќи пласман во третата рунда со 6:1, 6:0 и 6:3.

Во наредното коло, Надал ќе игра со победникот од дуелот меѓу Нишикори и Травалја кој се игра во овој момент, a во оваа рунда ќе го гледаме и Доминик Тим кој лесно во три сета го совлада Џек Сок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни