Поврзете се со нас

АТП

Надал: Не знам кога повторно ќе играм

Објавено

на

Најдобриот шпански рекет и некогашен рекет број еден, Рафаел Надал се врати на теренот и почна да тренира, вежба по проблемите кои ги имаше со стапалото, па дури мораше да биде подложен и на специјален третман во Барселона.

Добри вести за тенисот: Надал се врати на теренот (ВИДЕО)

Рафа поради овој проблем пропушти голем дел од оваа сезона, многу важни настани и турнири, а нема да биде активен ниту до крајот на годината. Останува дилемата кога Рафа навистина ќе биде подготвен за вистинските предизвици, турнирите, прашање на кое ниту самиот нема одговор во моментов.

-Сакам целосно да закрепнам. Не знам кога повторно ќе играм тенис. Работам напорно секој ден, следам посебен план со јасно дефинирани цели. Нема да ви кажам сега кои се тие цели, бидејќи има работи што не можам целосно да ги контролирам. Но, верувам дека работите ќе се развијат позитивно и дека ќе можам да се натпреварувам. Работам напорно за да закрепнам и да можам да играм на врвно ниво, -порача 20-кратниот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни