Поврзете се со нас

АТП

Надал: Не се осмелувам ништо повеќе да кажам…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал и во актуелнава сезона има проблеми и се уште не може да заигра како што знае и умее, односно во 2024 година беше активен само на еден турнир во Бризбејн каде заработи нова повреда.

Потоа се најавуваше негов кам-бек на неколку настани, последниот беше Индијан Велс каде се повлече во последен момент.Токму поради ова многу работи околу Шпанецот се нејасни, а и тој самиот не сака повеќе да дава прогнози во однос на тоа кога ќе се врати на терените.

-Првата цел е да се обидaм да се натпреварувамм и одам од ден за ден. Ќе дадам се од себе да се обидам да ја започнам сезоната на земја што е моја цел, работам на тоа и се трудам, но од сега што може да се случи… Не се осмелувам да кажам ништо веќе затоа што во последно време ми е тешко да давам прогнози. За жал, така е. Не е важно дали сум оптимист или не, јас сум реален. Помина година и пол или две години откако неможам да се натпреварувам, така што првата цел е да се обидам да се натпреварувам и да одам од ден на ден, -рече Рафа и додаде:

-Во ниту еден момент не престанав да тренирам. Се трудам во секое време. Се чувствувам добро, едноставно не успеав да го постигнам распоредот што би сакал во моментов. Се надевам дека работите можат да се променат, но не можам да кажам ништо бидејќи не ни знам,

-Реалноста е дека не се чувствував подготвен да почнам да играм турнир од ова ниво, со малото искуство што го имав, не тренирав на нивото на кое требаше. Не сакав да го започнам турнирот од мојата почетна точка, без никаква гаранција дека ќе можам да напредувам барем до нивото што треба да го барам од себе, -порача бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни