Поврзете се со нас

АТП

Надал не планира да игра на најпрестижниот турнир: Тоа не е адекватно за моето тело

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Организаторите на Ролан Гарос направија исклучок и му дозволија на еден поразен тенисер да се обрати пред фановите на „Филип Шатрие“, а тој тенисер беше најдобриот кој некогаш заиграл на грен слемот во Париз.

Рафаел Надал само четврти пат во кариерата загуби меч на Ролан Гарос и тоа се случи во првото коло, откако Александер Зверев потврди дека е во страшна форма во овој момент.

Надал загуби во три сета и многу веројатно го одигра својот последен меч на Ролан Гарос, иако и самиот не сакаше стопроцентно да потврди дека е сигурен во таква одлука.

Она што изгледа доста сигурно на краткорочен план е дека Шпанецот не планира да игра на најпрестижниот грен слем турнир кој следи, се со цел да се подготви што е можно подобро за Олимписките игри кои исто така ќе се играат на терените на Ролан Гарос.

– Очекувам да се вратам на овој терен за Олимписките игри. Тоа ме мотивира и се надевам дека ќе бидам уште подобро подготвен. После Олимписките игри ќе морам да видам во каква состојба се наоѓам. Тука мислам на физички план, но и на ниво на мотивација. Ќе видам дали има смисла да продолжам да играм.

– Вимблдон? Ми изгледа навистина тешко дека ќе одам на Вимблдон. Мислам дека нема да биде адекватно за моето тело да правам промена од земја на трева, а потоа повторно да се вратам на земја за Олимписките игри. Тоа не ми изгледа како позитивна идеја за моето тело. Имав сон да бидам компетитивен на Ролан Гарос и сметам дека бев конкурентен, но сепак не беше доволно за победа, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни