Поврзете се со нас

АТП

Надал: Не ги споредувајте Синер и Алкарас со „големата тројка“

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Рафаел Надал беше дел од една страшна генерација во која водеше жестока битка со Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер, тројца асови кои успеаа да освојат 20+ грен слем трофеи во нивните кариери и сосема заслужено го носат приматот „големата тројка“.

Сега некои други момци градат свој пат, освојуваат титули, се справуваат со притисок, генерација од која дефинитивноо отскокнуваат Јаник Синер и Карлос Алкарас.

Често знаат да се повлекуваат паралели, да се прават споредби на Италијанецот и Шпанецот со споменатата тројка, но според Надал тоа воопшто не е потребно.

-Треба да им дозволиме да создаваат свои ривалства и приказни. Нема потреба да ги споредуваат со нас. Да видиме како ќе биде на крајот од нивните кариери. Тогаш ќе можат да се прават споредби, -рече Рафа за „ДАЗН“.

Бикот од Мајорка кариерата ќе ја заврши со настап за Шпанија во Дејвис Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни