Надал не дозволи уште едно изненадување на Мастерсот во Торонто: Шпанецот го испрати Вавринка дома

nadal-trarka

Во осминафиналето на АТП Мастерсот во Торонто, Рафаел Надал во тесна борба успеа да го победи Станислав Вавринка со 2:0 (7-5,7-6) и не дозволи уште едно изненадување, по елиминацијата на Новак Ѓоковиќ од страна на грчкиот тенисер Стефанос Циципас. 

Шпанецот тесно во двата сета успеа го надигра Вавринка, иако во вториот сет Вавринка успеа да поведе со 4-2, но за кратко, зошто Надал се разбуди и успеа да се врати и да поведе со 4-5.

Во четвртфиналето ќе вкрсти со шестиот носител Марин Чилиќ, кој во осминафиналето го преслуша Диего Шварцман од Аргентина.

Facebook Коментари