Поврзете се со нас

АТП

Надал направи операција и испрати ново соопштение до јавноста на денот кога слави роденден (Фото)

Објавено

на

Рафаел Надал со тешко срце објави дека нема да настапи на годинешното издание на Ролан Гарос и дека е приморан да направи подолга пауза од тенисот, а за време на одигрувањето на Френч Опен, ја извести јавноста за новост во здравствената ситуација.

По советите кои ги добил од неколку лекари, шпанскиот тенисер направил артроскопска операција во текот на вчерашниот ден и му биле исчистени тетивите во колкот кој му создава проблеми, поради што проценките на лекарите се дека повредата со сигурност ќе се санира.

Во најновата објава од тимот на Рафа, се потенцира дека тенисерот ќе мине подолг период во рехабилитација кој ќе изнесува пет месеци, а најголема цел оваа сезона ќе му биде да настапи на Дејвис Купот кој се игра на крајот на месец ноември.

– Операцијата беше позитивна и истата се состоеше од чистење на фиброзните и дегенерираните области на тетивата, на проксимално и на дистално ниво, како и нејзино шиење за соодветно да се зајакне.

– Рафа ќе ја започне својата прогресивна функционална рехабилитација за неколку часа, а нормалниот процес на закрепнување се проценува на пет месеци, секогаш имајќи го предвид фактот дека се почитува биолошкото време на споменатата структура на колкот, – се вели во соопштението.

Надал денеска полни 37 години, а преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои му го честитаат роденденот и извести за операцијата која му била направена вчера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни