Поврзете се со нас

АТП

Надал напорно тренира и има поставено висока цел за ОИ во Париз

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал има да одработи уште неколку предизвици во оваа 2024 година, година која може да биде негова последна активна во светот на тенисот.

Меѓутоа официјална, конкретна потврда за ова нема и останува ова прашање отворено, а во исто време Надал се подготвува за тоа што следи, а тоа се Олимписките Игри во Париз.

ЛОИ дефинитивно се предизвик за Рафа кој во минатото има освоено медели во сингл и дубл во оваа конкуреција, но турнирот се игра на неговата омилена подлога и тој се надева на добар резултат.

-Рафа тренира во својата академија во Манакор и се надева на медал. Надал нема никакви физички проблеми и затоа сите се надеваме дека ќе пристигне на ОИ со доволно натпревари за да ја подобри формата. Тоа ќе биде посебен турнир за него, бидејќи ќе игра дома.

-Стадионот „Шатрие“ е неговиот втор дом. Конкуренцијата ќе биде жестока, Јаник Синер, Карлос Алкарас, но пред се Новак Ѓоковиќ, бидејќи никогаш нема освоено златен медал на Олимписките игри. Ќе биде големо натпреварување и Рафа ќе биде подготвен, -вели Бенито Перез Барбадиљо кој е човек задолжен за односот со медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни