АТП
Надал: Најдов решение за моето стапало

Рафаел Надал немаше идеален крај на оваа сезона, но без разлика на се 2022 година е позитивна на спортски план каде успеа да освои две нови грен слем титули на Австралија Опен и Ролан Гарос.
Тој е уверен дека новата кампања ќе ја дочека на највисоко ниво, а една од причината за тоа е што има најдено решение за стапалото, проблем кој го мачеше.
-Минатата година во ова време бев во многу тешка ситуација. Имав бројни проблеми и се беше во сенка на повредите. Сега ситуацијата е сосема поинаква. Сè се промени кога најдовме третман кој делуваше за моето стапало. Ваквата промена радикално ја промени можноста за врвно ниво на мојот тенис- истакна Рафа кој е на јужноамериканска турнеја.
-Добив нова енергија и сега целосно се посветувам на Австралија Опен. Ќе одам таму за три недели, со максимален оптимизам и волја да играм најдобро што можам, -порача освојувачот на 22 грен слем титули.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар