Поврзете се со нас

АТП

Надал најави крај на тениската кариера

Објавено

на

Рафаел Надал на денешната прес-конференција потврди дека нема да настапува на Ролан Гарос, но објави и уште една поважна вест.

Шпанскиот тенисер денеска се обрати пред јавноста во својата академија на Мајорка, а потенцирал дека очекува следната сезона да му биде последна во кариерата.

– Немам намера да играм следните неколку месеци, рехабилитацијата не оди според планот и нема да настапам на Ролан Гарос, иако знаете колку ми значи тој турнир.

– Иако последните години постигнував одлични резултати, животот не ми беше најдобар.

– Морам целосно да го регенирирам телото за следната сезона, која очекувам да биде последна во мојата кариера. Ако сега се обидев да продолжам, немаше да играм во 2024 година, – изјавил Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни