Поврзете се со нас

АТП

Надал му го уништи роденденот на 18-годишниот Алкараз (ВИДЕО)

Објавено

на

Рафаел Надал со фуриозна победа го започна настапот на АТП Мастерсот што се одржува во Мадрид.

Шпанскиот тенисер немаше милост и за нешто повеќе од еден час игра го суреди сонародникот Карлос Алкараз со 2-0 во сетови. Фаворитот му препушти само три гејма на Алкараз (6-1, 6-2) кој интересно денеска го прослави 18-роденден, па доби и торта од организаторите.

Како и да е Карлос дефинитивно ќе го памети овој ден, овој роденден со оглед на тоа што можеше да игра против својот идол. Надал пак од друга страна покажа дека влегува во посакуваниот ритам, а тоа уште еднаш ќе треба да го повтори против Алексеј Попирин во наредната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни