АТП
Надал може да ја брани титулата на Ролан Гарос без публика
Рафаел Надал е рекордер според бројот на трофеи на Ролан Гарос, но можеби годинава првпат ќе се обиде да освои трофеј без поддршка од своите фанови во Париз.
Организаторите веќе го одложија почетокот на грен-слем турнирот за 20 септември, но и тој датум не носи доволно гаранции дека ќе може да се одржи без компликации од коронавирусот.
Претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гвидичели денес најавил дека Ролан Гарос може да се одржи и без публика.
– Организирањето на турнирот без публика ќе овозможи да ја намалиме економската штета. Парите од телевизиските права и спонзорите не се за потценување, – изјавил Гвидичели.
Иако нема официјална потврда, медиумите во Франција најавија дека турнирот сепак ќе започне на 27 септември, а Гвидичели не го демантирал ова, потенцирајќи дека една недела нема да направи голема разлика.
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ