Поврзете се со нас

АТП

Надал: Морав да го променам сервисот за да преживеам на теренот (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал резултатски лесно се пласираше во втората рунда на Австралија Опен, но шпанскиот тенисер по мечот нагласи дека тој морал да „преживува“ на теренот и да го промени стилот на сервирање за да остане во игра.

Светскиот рекет број два го победи Србинот Ласло Ѓере со 6:3, 6:4, 6:1 во меч во кој беше евидентно дека е далеку од своето најдобро ниво, но тој и покрај проблемите, гледа позитивно на работите и се надева дека како што ќе одминуваат деновите, така неговиот проблем ќе биде се позанемарлив и неговата форма ќе расте.

– Мојот грб не е на потребното ниво како што реков пред неколку дена. Добра работа е што секоја победа ќе ми даде време да се подобрам. Денеска морав да го променам стилот на сервирање за да преживеам на теренот.

– Денеска мораше да се преживува и успеав во тоа. Изминативе 15 дена беа доста тешки, ги земам работите на следниот начин. Одам од ден во ден, немав добри подготовки, но останувам жив на турнирот и среќен сум што следи нов меч.

– Ќе се обидам да останам што е подолго на турнирот, ќе видиме како ќе оди. Во овој момент сум лимитиран, ја немам посакуваната игра за да го нападнат она по што сум дојден на турнирот. Проблем е играта на мој сервис, морав да го менувам стилот, бидејќи имам проблеми со движењето. Во другите сегменти од играта, немам проблем, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни