Поврзете се со нас

АТП

Надал: Морам да гледам напред, веќе размислувам за…

Објавено

на

Рафаел Надал го немаше посакуваниот кам-бек на тениските терени и загуби од Борна Чориќ во првата средба на Мастерсот во Синсинати.

Шпанецот не одигра како што се очекуваше, а тоа Хрватот знаеше како да го искористи и со 2-1 во сетови 7:6 (9), 4:6, 6:3 дојде до место во наредната фаза. Воедно со ова Рафа пропушти можност да се искачи на првото место на АТП листата, но тој е свесен дека ќе мора да биде на делеку поквалитетно, повисоко ниво ако сака да дојде до резултатите кои ги посакува.

-Тешко е да се извлечат позитивни работи од овој меч, но дефинитивно морам да се подобрам. Да вежбам, подобро да враќам сервиси. Ми требаат денови на теренот, тоа е вистина. Имав шанси на почетокот, во тај-брејкот имав две шанси преку две сет топки, но одиграв страшно на два лесни удари, -рече Надал и продолжи:

-Ќе изгубиш и одиш понатаму. Го знам патот. Најважно ми е да останам здрав. Да бидам искрен, беше тесно да се носам со оваа повреда. Последните месец и половина не беа лесни, бидејќи кога имате скинат стомачен мускул, никогаш не знаете кога сте 100% сигурни. Тоа влијае на играта затоа што не сте сигурни дали сте во можност да го дадете најдоброто од себе секој пат.

-Морам да гледам напред, веќе размислувам за таа енергија што ми ја дава публиката во Њујорк (Ју-Ес Опен). Тоа е посебно место за мене, уживам таму. Имам убави спомени, ќе дадам се од себе да бидам подготвен за она што доаѓа, -порача бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни