Поврзете се со нас

АТП

Надал: Мора да се гледа реално на работите, часовникот отчукува…

Објавено

на

Рафаел Надал нема по добро да ја памети оваа каледарска година, година во која не успеа да освои ниту еден грен слем, а не го избегаа ниту повредите поради кои мораше предвреме да ја заврши сезоната.

Шпанецот има проблем со стапалото и мораше да замине на специјален третман во Барселона, па се надева дека ова ќе му помогне целосно да заздрави и биде спремен за 2022 година.

-Добро сум, иако сум имал и подобри денови. Стапалото ме боли. Ова е тежок период за мене. Мојата цел е целосно да се опоравам, свесен дека ќе имам тешки и болни моменти во еден период. Решен сум да ги надминам сите, да се борам за она што го сакам, а тоа е да се вратам на теренот, -вели Рафа кој е свесен дека е се поблиску до крајот на кариерата.

-Имав фантастични моменти во текот на мојата кариера, за кои никогаш не сум ни сонувал дека ќе ги имам. Но имав и тешки моменти поради повреди, иако секогаш наоѓав начин да се опоравам и да продолжам понатаму. Како што минуваат годините, мора реално да се гледа на работите, часовникот отчукува, се станува посложено, -заврши бикот од Мајорка кој заедно Федерер и Ѓоковиќ се тенисерите со најмногу освоени грен слем пехари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни